Странски разузнавачки служби ангажирани за безбедноста на Вучиќ за време на посетата на Косово

106

Оперативна група  на британската разузнавачка служба МИ6 завчера од Македонија е префрлена на Косово и тоа поради најавената посета на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тоа го тврди српскиот весник „Новости“ повикувајќи се на извори од разузнавачките служби. Според весникот, посетата на Вучиќ е високоризична и за неа, политички и безбедносно, се заинтересирани разни структури не само од Балканот, туку и од светски центри на моќ. 

Посебно се ангажирани британските разузнавачки служби чии оперативци веќе подолго време имаат засилени активности на овие простори, тврди весникот.

Според нивни информации, за дводневната посета на Вучиќ на Косово ангажирани се сите српски служби за безбедност. Трасите по кои ќе се движи Вучиќ и сите места за посета ги обезбедува КФОР и косовските полициски сили. За целото време на посетата постојано ќе бидат ангажирани и два хеликоптери на КФОР.