Стејт департментот ја поздрави одлуката на Харадинај

31

Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Рамуш Харадинај да соработува со судот во Хаг.

– САД му честитаат на тоа што одлучи да се јави по повикот на Специјалниот суд за Косово – се наведува во кусото соопштение на Стејт департментот.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вчера поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен за воени злосотрства.