Српски војници повредени во автобуска несреќа

56

Најмалку 23 српски војници се повредени откако се преврте автобус во близина на Врање, јавија српските медиуми.

Несреќата се случила околу 12:30 часот и повредените војници се хоспитализирани.

Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Засега нема информации за состојбата на повредените.