Српската премиерка Ана Брнабиќ се приклучи на Парадата на гордоста

161

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ се приклучи на Парадата на гордоста која започна денеска околу 17 часот во Белград. Учесниците на „Прајдот“ се собраа на Плоштадот Славија, од каде со пароли „Не се одрекувам“ тргнаа на прошетка по белградските улици.

Повеќе инциденти беа регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири лица кои се судриле со полицијата.

Како што јавуваат медиумите, група екстремни десничари веќе неколку часа го блокираат центарот на градот, поточно аголот на улицата Принц Милош и булеварот на Крал Александар, обидувајќи се да ја спречат Парадата на гордоста чиишто учесници треба да поминат низ Кнез Милош.