Средно училиште во Сараево евакуирано поради дојава за бомба

26

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Сараево утрово постапија по дојава за бомба во средно училиште во главниот град на Босна и Херцеговина.

-Примивме дојава за бомба во средно училиште во Сараево околу девет часот. Полицијата е на терен каде што спроведува контрадиверзионен преглед- потврдија за „Клих.ба“ од Оперативниот центар при министерството.

Поради дојавата за бомба учениците и кадарот се евакуирани.