Спортските хулигани под посебен надзор

68

До крајот на годината во Бугарија ќе биде донесен нов закон за фудбалски хулиганизам. Во националното собрание веќе неколку месеци се работи на комплетно нов закон за спорт и фудбалски хулиганизам, кој, според предвидувањата, ќе биде готов на крајот на годината, коментира комесарот за спорт Славчо Атанасов.
Засега се предложени итни мерки во Законот за јавен ред, бидејќи фудбалското првенство во Бугарија почна на 20 јули. И опозицијата ќе ги поддржи мерките против фудбалските хулигани.
– Дијалогот со фудбалерите и со претставниците на спортската заедница е од најголема важност.

Со промените очекуваме Владата да издаде декрет со кој му се ограничува можноста на лицето што е закана за безбедноста да присуствува на спортските настани – вели пратеникот Цветан Цветанов.
Целта на новиот закон е да се обезбеди мирна и нормална атмосфера на стадионите.
– Со измените се предвидува влезот на стадионите да се одвива со идентификација на навивачите со проверка на списоци или со проверка на лична карта – рече заменик-директорот на СДРП Антон Златанов.
Лицата што имаат полициски досиеја нема да можат да купат билет за следење на натпреварот, а оваа санкција ќе се следи подолг временски период.