Спорот во источен Медитеран меѓу Грција и Турција со слики и бројки

786

Грција

Три причини за конфликт!

Во водите на источен Медитеран се преклопуваат интересите на државите од овој регион за нерешените морски граници и распределбата и користењето на природните ресурси. Изминатиот месец ескалираа недоразбирањата меѓу Грција и Турција. Меѓу двете земји има околу 2.000 острови и сите ѝ припаѓаат на Грција, иако некои се на два километри од турскиот брег. Доколку некој брод од Истанбул сака да плови до Измир, мора да помине низ грчка територија. Втората причина, за постојаниот грчко-турски спор е островот Кипар. Третата причина за напнатоста во Медитеранот се исклучиво економските зони, односно различното толкување на меѓународното поморско право, пишува „Ал Џезира“.