Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

100

Албанскиот претседател Илир Мета смета дека Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово-Србија. Во изјавата што Мета ја дал за косовската РТВ21, дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар можен начин за двете земји, но и за целиот регион, затоа што тоа е од клучно прашање кое може да ги забрза или забави сите процеси на европеизација.

Според него, иако Албанија меѓу првите ја признала независноста на Косово, сепак, не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, затоа што на тој начин „би ја кршела независноста на косовската држава“.