Споменик на Скендербег во Подгорица

151

Црна Гора

Одборниците на општината Тузи едногласно го поддржаа предлогот за подигање на спомен-обележјето посветено на Ѓерѓ Кастриот Скендербег. Споменикот би требало да биде поставен на платото на истоименото основно училиште во населбата Затријепча, која е дел од Подгорица во кој живеат припадници на албанското малцинство,
Споменикот на Скендербег ќе биде излеан во бронза, во форма на биста, во висина од 120 сантиметри.

Во предлог-одлуката, за која гласаа одборниците на најмладата црногорска општина, се наведува дека на предната страна од спомен-обележјето, на латиница и со албанско писмо ќе биде испишано името на оваа историска личност и периодот во кој живеел.
Средствата за подигнување на бистата ќе бидат обезбедени од фондацијата „Триеши“ од Њујорк, а за нејзино одржување ќе се грижи училиштето.
Рокот за подигнување на споменикот на Скендербег е до крајот на годинава.