Специјалци распоредени на преминот Јариње на Косово

214

Припадници на специјалната полиција се распоредени на преминот Јариње, јавија косовски медиуми. Според „Коха“, околу 200 припадници на специјалната единица се во северниот дел од Косовска Митровица. Нив ги предводи шефот на таа единица, Арбнеш Ајвази.

Заменикот на командирот на косовската полиција за регионот Север, Бесим Хоти демантираше дека специјалци се упатиле кон северот на Косово.

Приштина најави дека нема да дозволи влез на територија на Косово на српските официјални лица Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Косово и Никола Селаковиќ,геенрален секретар во Кабинетот на претседателот, министерот Владан Вукосављевиќ е вратен од Јариње иако имал најавена посета на манастири, додека министерот Александар Вулин не доби дозвола за посета на семејство во Косовска Митровица.

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли предупреди дека без дозвола никој не може да велзе на територија на Косово, јави Б-92.