Стотина мигранти спасени кај Лезбос и Кос

40

Припадници на грчката крајбрежна стража и „Фронтекс“ денеска спасиле 107 мигранти и бегалци, во два различни случаи на Егејското Море.

Во првиот случај, 56 мигранти биле спасени кај островот Лезбос и пренесени во пристаништето Скала.

Во вториот случај пак, во близина на островот Кос кипа на „Фронтекс“ забележала гумен чамец со мигранти пришто, според грчката агенција „АНА“, спасени биле 51 лице.