Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија

182

Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер, синот на познатиот филантроп, Џорџ Сорос.

Неговата изјава, следи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европска Унија.

– Европа треба да се соочи со својата албанофобија! – додаде Сорос.

Тој на неговиот статус ја постави и реакцијата на комесарот Јоханес Хан кој пишува: „И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е на две земји, многумина со право се надеваа на позитивна одлука. ЕУ е таа која потфрли поради внатрешните проблеми. Ова го поткопува кредибилитетот на ЕУ“.

Реакцијата на младиот Сорос, кој не ретко ја посетува Албанија и постира фотографии со премиерот Еди Рама, ја пренесува тиранската телевизија Топ канал, додавајќи дека колебливоста на Европската Унија да започне разговори за членство со Албанија и Македонија била критикувана од многу истакнати европски личности.