Словенија зафатена од силно невреме

108

Словенија

Словенија деновиве е зафатена од силно невреме, а според метеоролозите, ваква бура, која дувала во понеделникот, не е забележана во последните 50 години. Силното невреме, проследено со град, но и со формирање торнадо, го погоди словенечкото крајбрежје. Силната бура корнеше стебла при што е причинета голема материјална штета врз куќите и врз автомобилите.
– Бурата се разви во водна пијавица, а е последица на мешањето на многу студен воздух со ветер од јужен правец и сѐ уште релативното топло море – изјави Катја Козјек, од Агенцијата за заштита на животната средина.
Најпогодено е подрачјето на Изола. Противпожарните служби излегле на терен и ги санираат штетите од невремето, при што се отстранети паднатите дрвја и ги заштитувале откриените покриви.
Словенечките власти упатија портокалово предупредување за ново невреме и во наредните денови. Најавено е зголемување на нивото на морето, поради што може да дојде до поплави и во хрватскиот и во словенечкиот дел на Истра.