СИРИЗА бара задолжително намалување на платите во администрацијата

82

Грција

Грчкиот премиер Мицотакис ги повика пратениците од Нова демократија и министрите и заменик-министрите во следните два месеца да достават 50 отсто од своите плати за борбата со новиот коронавирус, за што ќе биде отворена и специјална сметка наменета за ковид-19.

Грчката опозициска партија СИРИЗА излезе со став дека тоа не може да го реши прашањето со зајакнувањето на јавното здравство и побара мерката да се однесува на сите пратеници, задолжително, со одлука на Парламентот, и тоа во следните три месеци.
– Задолжително, а не доброволно, бидејќи и вработените што со одлука на Владата губат половина од нивната плата ја губат задолжително, а не доброволно. Дополнително, предлагаме овој придонес да се прошири и на европратениците и на оние што се назначени на државни позиции, како и на правните лица во јавниот или поширокиот јавен сектор – соопштуваат од СИРИЗА.

Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, во следните два месеца ќе отстапи половина од својата плата за специјалната сметка намената за борбата со новиот коронавирус.