Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

167

Во многу градови во Србија вчера, во попладневните часови, паѓаше силен дожд, а потоа и град со големина на лешник. Во Белград, бурите започнаа околу 19,40 часот со силен дожд, ветар и град.

Силен дожд и град го погодија и Чачак по 19 часот. Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, а дејствуваше и противградната заштита.

Невремето дојде и во Љиг, каде што исто паѓаше град.

Според прогнозите, денеска во Србија претпладне ќе биде претежно сончево, попладне и навечер променливо облачно, со повремени врнежи од дожд.

Најниската температура ќе се движи од 9 до 14 степени, највисоката од 21 степени на 24 степени.