Силно невреме ја зафати Грција – најпогодени Халкидики и Тасос

1178

Силно невреме со обилни дождови и грмотевици го погоди северниот дел од Грција, пренесоа грчките медиуми.

Најтешко се погодени островот Тасос и Халкидики, јави „Катимерини“.

На шест острови прогласена е вонредна состојба.

Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта, па сообраќајот е блокиран во дел од погодените подрачја.

Во местото Панагија на Тасос, бурата носела автомобили. Критично е и на местото Лименарија на овој остров.