Силно невреме ги зафати Хрватска и Србија

270

Силно невреме попладнево зафати делови на Хрватска и на Србија, проследено со обилни дождови и со грмотевици.

Делови од Хрватска биле погодени од поројни дождови и врнежи со силни налети на ветер. Невремето првин зафатило дел од северен Јадран, а потоа и Горски Котор и Лика, од каде што се проширило кон внатрешноста и истокот на земјата.

Град паѓал во Стариград, а биле регистрирани обилни дождови и на Истра, како и во делови на Далмација. На подрачјето на Дубровник попладнево имало невреме со грмотевици.

Невреме ги погоди и западниот дел на Србија и главниот град Белград. Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за временска непогода и за можност за излевање на реките.

Поради лошото време, има црвен метео-аларм за Војводина, Белград, западна Србија, Шумадија и за Поморавље.


Гром погоди тренер додека вежбал со 20 деца на стадион во Србија

Тренер на подмадокот на ФК Јагодина СП (31) е повреден околу 18.40 часот од удар на гром на помошен терен на градскиот стадион во тој град.

Во моментот на удар на гром, во тек бил тренинг на младите играчи и дваесет деца во две групи биле на терен, објави порталот centralmedia.rs од Јагодина.

Според порталот, нема повредени меѓу децата.

– По громот, започна хистеријата, децата избегаа кај нивните родители, а двајца здравствени работници му пружаа прва помош на тренерот, кој лежеше неподвижен на теренот. Мислам дека успеаја да го вратат тренерот од бессознание, а потоа дојде и брзата помош – изјавиле родителите на децата за порталот.

По укажаната прва помош, тешко повредениот тренер е пренесен во Општата болница во Јагодина, а според шефот на Службата за итни случаи на Општата болница, Владимир Недељковиќ, лекарите се борат за неговиот живот.

– Пациентот е на апарат за дишење, правиме сè што можеме – рече Недељковиќ.