Невреме во Црна Гора

454

Силно невреме ја зафати Црна Гора, а во Подгорица, по вчерашните тропски жештини, температурата за само неколку часа се спушти за десет степени.

Во Подгорица наврна пороен дожд и град со големина на лешник, а ветерот откорна гранки од дрвјата. Во невремето оштетени се и неколку автомобили.

Делови од градот се без електрична енергија. Метеоролозите најавуваат дека дожд ќе врне во повеќе налети во текот на денот.

Изминатите денови во Подгорица и околината температурата изнесуваше околу 40 степени.