Силен земјотрес во Грција

97

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на територијата на централна Грција, соопштено е на официјалната веб-страница на Европскиот Медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот е 232 км северозападно од Атина и 79 км југозападно од Лариса, со длабочина од 10 км под земјата кора.

Нема податоци за повредени или материјална штета.