Сиера Леоне го повлече признавањето на Косово

102

Сиера Леоне го повлече признавањето на Косово како независна држава.

Сиера Леоне е 18-та земја што го повлекла признавањето на Косово.

– Со особено задоволство можам да покажам нота од Министерството за надворешни работи во која се вели дека Сиера Леоне го повлекува признавањето на Косово како независна држава и ќе ги почитува резултатите од дијалогот, со медијација на ЕУ и ООН – вели Дачиќ за Танјуг.

Според него, во моментов, од 193 земји членки на ООН, 92 држави го признаваат Косово како независна земја, 96 држави не го признаваат Косово, додека пет земји се во флуиден став, односно претежно го признаваат Косово, но повеќе не гласаат за Косово.

– Тоа значи дека Косово повеќе нема мнозинство во ООН – рече Дачиќ.

Тој потсети дека Сиера Леоне беше меѓу првите земји што ја призна независноста на Косово во 2008 година.