Се појави видео снимка на разгорувањето на пожарот кај Атика (Видео)

230

Снимено разгорувањето на пожарот во источниот дел на областа Атика
Видео снимено од безбедносна камера на куќа од почетокот и ширењето на катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атина објави денеска онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на видеото се гледа дека пожарот од 23 јули што одзеде 96 животи, започнува во 16:41 во местото Дау Пендели, а огнените јазици за само неколку минути со голема брзина се шират кон населбите Неос Вуѕас и Мати.

-Според очевидци, пожарот го предизвика жител на областа кој се обидел да пали суви гранки – пишува „Катимерини“ во објавеното видео.