СЕ: Корупцијата претставува висок ризик

34

Советот на Европа ја повика Албанија да ги интензивира напорите во борбата против перењето пари и да го конфискува имотот стекнат од организиран криминал.
Преку посебен извештај подготвен од Комитетот за спречување перење пари, Советот на Европа ја става Албанија на списокот на земји со темелен надзор за перење пари.

– Корупцијата претставува висок ризик за перење пари во Албанија, што е често поврзан со организираниот криминал. Албанските власти се свесни за овој ризик, но досега спроведувањето на законот дало ограничено внимание на целењето пари стекнати од корупција – се наведува во извештајот.

Институцијата што ја координира борбата против перењето пари во Албанија е Генералната дирекција за спречување на перењето пари.

Според извештајот, оваа дирекција користи различни извори на информации, врз основа на кои се спроведуваат многу истраги за перење пари. Но, овие истраги даваат малку конкретни резултати поради лошата работа на судството.

Според официјалните податоци, во последните пет години, средствата конфискувани од криминални активности бележат значителен пораст.