Се излеаја неколку реки во Херцеговина, загрозени се семејни куќи

123

Неколку реки во Херцеговина се излеаја од коритата поради обилните врнежи дожд што паѓаа со денови.

Најсериозна е состојбата во областа Чапљина, каде се поплавени дворови, патишта и земјоделски површини, јави „Танјуг“.

Неколку семејни куќи и помошни објекти лоцирани покрај реката Требижат се загрозени поради зголемениот водостој. Оваа река се излеа во дворовите на семејни куќи и поплави неколку подруми, а поплавите се закануваат и на станбени згради.

Најлоша е состојбата во местото Струге, јужно од Чапљина, а водата доаѓа и во населените места Грабовине и Требижат, каде се поплавени земјоделски имоти, локални патишта, но и помошни објекти.

Обилни врнежи дожд се најавени и во следните денови.