Се зголеми бројот на жртви од катастрофалните пожари во Атика

125

Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во пожарите и беа идентификувани во Институтот за судска медицина, а 16 починаа во болниците од здобиените сериозни повреди во игнената стихија.