Се ближи најжешкиот дел од летото!

955

Сувото и топло време во поголемиот дел од Европа ќе потрае уште две-три недели, додека на Балканот и во подрачјето на централниот и источниот Медитеран се очекува топло, влажно и спарно време, со чести врнежи.
Топлотниот бран што ја прогонува Европа засега нема да го погоди Балканот, но се очекува кон крајот на август.

Според надлежните од Националниот центар за климатски промени во Србија, зголемената влажност на воздухот, како што во моментов владее во регионот, придонесува за зголемување на субјективното чувство на температура, додавајќи дека во јуни и јули субјективното чувство на температура било повисоко за шест-осум степени, иако во тој период максималната температура ретко била повисока од 30 степени.

Топлотните бранови ги креваат температури многу над просечните вредности, кои траат по пет или повеќе дена последователно. Во последниве години, регионот доживеа неколку топлотни брана, од кои најзначајни беа во текот на 2003, 2006, 2007, 2012, 2015 и 2017 година.