Сексистичка апликација за промоција на Бања Лука

223

Изработката на интернет-апликацијата на која се прикажани седум жени со пораката „Овде е 7/1“, што е направена во соработката со градот Бања Лука, предизвика остри реакции кај невладините организации, кои сметаат дека еден од стикерите на навредлив и сексистички начин ги претставува жените во главниот град на Република Српска.

Властите на Бања Лука во соработка со Вибер изработиле стикери, кои треба да ги претставуваат душата, историјата и знаменитостите на градот. Од Фондацијата здружени жени сметаат дека еден стикер на навредлив и сексистички начин ги претставува припадничките на понежниот пол. За нив е спорна апликацијата „Овде се 7/1“, која ја илустрира урбаната легенда дека во Бања Лука живеат седум пати повеќе жени од мажи.

Александра Петриќ, извршната директорка на Фондацијата здружени жени на Бања Лука, појаснува дека намерата на овој стикер е промоција на Бања Лука како отворен град, со што се заокружува туристичката понуда.

– Предупредуваме дека употребата на урбаните митови со сексистички пораки ги промовира жените на Бања Лука како производ, кој отворено им се нуди на туристите, што е навредливо и дискриминирачко за сите граѓани. Бараме од градската управа веднаш да се отстрани овој стикер од вибер-пакетот, како и сите промотивни материјали што се користат во оваа кампања – велат од оваа фондација.