Санадер префрлен во затвор

63

Поранешниот хрватски премиер и некогашен лидер на владејачката ХДЗ, Иво Санадер, вчера со полициски автомобил беше префрлен во затворот „Реметинац“ во Загреб. До тоа дојде откако Врховниот суд му ја зголеми казната за аферата „Планинска“, а Жупанискиот суд издаде налог за негово спроведување.

– Нема докази. Ова е смешно. Пресудата требаше да падне. Ова е уште една претстава. Тука се моите адвокати, ако дојдат по мене, јас ќе одам – изјави Санадер.

Врховниот суд во Загреб правосилно го осуди Санадер на четири и пол години затвор поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска“, а потоа му ја зголеми казната на повеќе од пет години.