САД: Потребна е креативност и флексибилност околу улогата и овластувањата на ЗСО

92

САД бараат креативност и флексибилност кога се во прашање улогата и овластивањата кои би требало да ги има Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово, соопштија од амбасадата на САД во Приштина.

Како што пренесува Танјуг, од амбасадата е наведено дека сите напорно работеле за да се исполни „договорот за Асоцијацијата на српски општини (АСО)“, кој е произлезен од дијалогот, особено во врска со периодот на изработка на Статутот, додека се приближува 4 август, рокот што Брисел го има дадено за негова изработка.

– Косовските Срби, кои се дел од Управувачкиот тим на ЗСО, кои се и одговорни за изработката на првиот нацрт статут, напорно работеа последните четири месеци. Следниот чекор, според договорот од бриселскиот дијалог е одборите на двете страни да изнајдат време да се запознаат меѓусебно во Брисел и да ги прегледаат и да разговараат за нацрт Статутот…Се надеваме дека сите набљудувачи ќе овозможат понатаму да се развива процесот совесно и во временска рамка како што е предвидено со договорот “, истакнуваат од амбасадата на САД.