САД воведува контрамерки за Приштина?

4342

САД почнале да воведуваат мерки против Косово, поради одбивањето да ги укинат таксите на производите од Србија и од БиХ, меѓу кои и неиздавање виза на премиерот Рамуш Харадинај, кој требаше да присуствува на молитвен појадок во Вашингтон, како и откажувањето на посетата на американскиот армиски генерал Тимоти Ора на Косово, пренесува „Коха диторе“.

Мерките би можело да бидат зајакнати доколку Косово продолжи со противењето и ако тоа најмногу би се рефлектирало на процесот на транзиција на Косовските безбедносни сили.

Од друга страна, како што пренесуваат приштинските медиуми, премиерот Харадинај изјавил дека не добил официјална информација за откажувањето на посетата на Косово на генералот Ора.

Командантот на КБС, Рахман Рама, за ова го известил претседателот на Косово Хашим Тачи преку писмо во кое наведува и дека Вашингтон разгледува други мерки, вклучувајќи суспендирање на обуките и едукативните програми за КБС.