Роднините на протераните „ѓуленисти“ ја тужат косовската Влада

683

Роднините на шестмината турски државјани од Косово, кои официјална Анкара ги смета за следбеници на движењето ФАТО, кое го предводи верскиот лидер во егзил, Фетулах Ѓулен, ја тужат косовската Влада.

Во кривичната пријава до Обвинителството стои дека ја тужат Владата во Приштина поради непочитување на права на протераните и оти депортацијата е реализирана спротивно на законите на Косово.

Во првата реакција по дознавањето дека роднините на шестмината протерани турски државјани од Косово ја тужат косовската влада, премиерот Рамуш Харадинај изјави дека Владата на Косово веста ја примила  до голема сериозност.

– Информиран сум дека роднините на протераните ѓуленисти ја тужат владата за непочитување на нивните права што тие ги имаат  врз основа на законите на Косово. Ние веќе почнавме внатрешна истрага на обемниот материјал на Агенцијата за разузнавање на Косово, што не е материјал за јавноста. Нагласувам дека сериозно сме ангажирани со оваа тема, изјави Харадинај по седница на владата.

Турските државјани кои беа дел од професорите во турските колеџи кои функционираат во Косово беа упасни и протерани минатиот месец, како што тврди Харадинај без негово знаење. По негово барање беше сменет првиот разузнувач а разрешен беше и министерот за внатрешни работи.