Рекорден број разводи во Албанија

107

Статистичките податоци од албанското Министерство за правда потврдуваат дека минатата година во земјата регистрирани се 7.956 разводи, што е најголема бројка во последните пет години.

Споредено со 2016 година, лани имало 311 разводи повеќе.

По бројот на разводи прва е Тирана со 1.897 разводи, па следат Валона, Елбасан, Фиер,Скадар и Корча.

Пук и Тропоја и понатаму остануваат поконзервативни градови со семејна традиција, каде се регистрирани 40 односно 44 случаи.

Според судските психолози, најголема причина за разводите е емиграцијата, со големите социјални проблеми што ги произведува, главно како резултат на заминувањето на мажите во странство. На второ место е коцкањето. Барателите за развод во овие случаи се жени кои сакаат да ги заштитат децата и имотот.
Барањата за развод како резултат на зависноста на мажите од коцкање се во постојан раст, што исто така кореспондира со проширувањето на игрите на среќа во секој град и село во земјата.

Други причини за развод, според статистиката се и сиромаштијата, неверството, насилство и алкохол.