Ребиќ: Хулигани ја блокираа Итната помош, полицијата се воздржуваше од примена на сила

272

Директорот на полицијата денеска изјави дека по половина час од немирите станало јасно во кој правец ќе се развива ситуацијата во Белград, кога група хулигани го блокирала преминот на Итната медицинска помош.

– Немам друг збор освен – хулигани – рече Владимир Ребиќ и истакна дека припадниците на полицијата до крајот се воздржувале да не применат сила.

Според него, се започнало со непријавено собирање на граѓани, а веќе по половина час се случил инцидент кој навестувал со каква намера се луѓето кои се собрале.

– Група од 50 лица не дозволуваше да помине Итната помош која превезуваше загрозен пациент. Подоцна околу 22.20 часот група од повеќе десетици насилници се туркаше со полицијата и влезе во холот на Собранието – рече Ребиќ на прес-конференција.

Според него, насилниците потоа се одлучиле на порадикални мерки – ја мавале полицијата со камења, шишиња и со се што ќе им дошло при рака со што ги загрозиле нивните животи.

– Дури тогаш започна примена на сила, фрлање на солзавец и ангажирање на коњаничката единица – рече Ребиќ.