Реакција за засолнувањето муџахедини од Иран

1046

Иранската влада упати остри критики на адреса на Албанија и на земјите што стојат зад засолнувањето три илјади муџахедини во Албанија. Тиранскиот весник „Сот њуз“ пишува дека Иран испратил реакција и до ЕУ бидејќи претходно преку писмо 32 европратеници побараа заштита на муџахедините. ,,Муџахедините се дел од иранската демократска опозиција МЕК поради што Европскиот парламент досега има усвоено неколку резолуции со кои се бара заштита на хуманитарните права на муџахедините“, стои во писмото на ЕУ и се додава дека засолнувањето е од хуман карактер. Официјална Тирана по барање од САД, во неколку фази ги засолни наведените граѓани на Иран, кои таму како опозиција беа на удар на тамошната власт, пренесуваат албанските медиуми.