Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

83

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот земјотрес кој ја погоди земјата, ги надминала сите очекувања.

По завршувањето на донаторската конференција Рама и изрази голема благодарност на претседателкaта на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен.

– И 40 насто од собраната сума би бил успех – ова е волшебно“, изјави Рама откако на конференцијата „Заедно за Албанија“ беа собрани милијарда и 150 милиони евра.

Донаторската конференција се одржа за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Конференцијата ја отвори претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во име на институцијата којашто ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија.