Рама: Не вреди да се зборува за опозицијата

41

Премиерот Еди Рама преку социјалните мрежи реагираше на обвинувањата на опозицијата во врска со криминалот во северниот град Скадар, наведувајќи дека полициската статистика јасно говори за залагањето на власта во сузбивањето на криминалот во земјата.

Според него, не вреди да се занимаваш со зборовите на некој што бега од парламентот „за да води политика со криминалот од град во град “.

– Вистината на бројките за криминалот и резултатите на полицијата во изминатите години во Скадар јасно говорат. Денеска државната полиција повторно зборуваше со дела. Не вреди да се занимаваш со зборовите на некој што бега од Собранието за да води политика со криминалот од град во град – напиша Рама.