Рама: Мета донесе неуставна и срамна одлука

175

Албанскиот премер Еди Рама експресно реагираше на непотпишувањето на уредбата за именување нов министер за Европа и надворешни работи од страна на претседателот на Албанија, Илир Мета, нарекувајќи ја таквата постапка неуставна и срамна.

– Отфрлањето на уредбата за новиот министер за Европа и надворешни работи од страна на претседателот не е само неуставено, туку и срамно. Аргументите дадени од страна на господинот претседател се застрашувачки на скандалозно ниво и срамно за нивото на институцијата. Извинување до Косово за овој срам! – напиша Рама на Твитер.

По предлог на Рама, шефот на државата потпиша укази за именување на еден вице премиер, шест нови министри и еден државен министер, но не и за назначување на Косовецот Гент Цакај за министер за Европа и надворешни работи на местото на Дитмир Бушати.

Според Мета, Цакај нема доволно искуство за ова многу значајна функција и застапува неприфатлив став околу прашањето за косовските граници.

Дел од медиумите наведуваат дека Цакај, кој му беше заменик на Бушати, ја поддржувал идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за промена на границите на Косово.

Според албанските медиуми, Рама решил да го смени Бушати поради неговиот став околу определувањето на морската граница со Грција, односно противењето да и се отстапи дел од територијата на Албанија на грчката страна.

Покрај, Мета и дел албански аналитичари и дипломати сметаат дека Цакај не е соодветна замена за Бушати, поради недостигот на дипломатско искуство.