Рама: Границата со Косово ќе работи по принципот на Шенген

109

Премиерот на Албанија Еди Рама најави дека границата со Косово по принцип на Шенген ќе биде отворена напролет, пренесува МИА.

– Она што ќе го направиме е многу едноставно. Презедовме цел Шенгенски систем преведен од почеток до крај. Со многу детали меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Министерството за внатрешни работи на Косово за да се гарантираат сите безбедносни параметри и слобода на движење, не доведувајќи во прашање кои било загарантирани стандарди кои ние ги даваме како држава која има корист од либерализација на визен режим, изјави Рама.

Тоа го нагаласи на традиционален прием за акредитирани дипломати во Тирана.

Претходно Рама изјави дека по прнципот на Шенген посакува граници и со Македонија и Грција.