Рама: Албанија го поддржува дијалогот Косово-Србија

198

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва во обраќањето пред дипломатскиот кор во Тирана изјави дека неговата земја го поддржува дијалогот Косово-Србија и оти него треба да го гарантираат САД и ЕУ.

– Албанија го поддржува дијалогот и го поттикнува конечниот договор меѓу Косово и Србија, кој ќе го прифатат и гарантираат САД и ЕУ. Точка! Другите се сиромашни умови и маскарада на политичарите – истакна Рама.