Размената на територии неприфатлива и за Србите

340

КОСОВО

За граѓаните на Србија косовското проблем и натаму е емотивно и болно прашање, кое е поврзано со зборот „предавство“, а признавањето на независноста е неприфатливо за 78,5 отсто од анкетираните лица, покажало истражувањето на Центарот за општествен дијалог и регионални иницијативи, кое беше претставено на неодамнешниот Белградски безбедносен форум.

Независноста на Косово како решение е прифатливо за 12,4 отсто од испитаниците. Претставникот на Центарот Никола Јовиќ нагласува дека за српските граѓани е неприфатлив и договорот со кој Србија би го признало Косово во замена за Заедницата на српските општини и екстериторијалност на манастирите. Оваа опција е прифатлива за 20,4 отсто од граѓаните.
Признавањето на независноста преку размена на територии е прифатлива за 15,8 отсто од граѓаните, а за сценариото според кое би се добиле три општини на северот на Косово и Митровица како посебна област, е прифатливо за 18,9 отсто од граѓаните на Србија.

Над 36 отсто од граѓаните се согласни Србија за сметка на признавањето да ги добие четирите општини на северот, со Заедница на српски општини јужно од Ибар и екстериторијалност на манастирите.
Наспроти ваквото расположение во Србија, победникот на косовските избори и лидерот на Самоопределување Албин Курти во интервју за „Гардијан“ продолжувањето на дијалогот со Србија го поврза со однесувањето на Белград, кој, според него, би требало да престане да го оспорува правото на независност на Косово.

Албин Курти во текот на викендот учествуваше во сообраќајна незгода, кога возилото со кое патувал во Тирана се судрило со полициско возило. Тој помина неповреден, но тоа беше повод за аналитичарот Рахман Пачаризи да изјави дека Курти и луѓето околу него треба да бидат внимателни, бидејќи што и да му се случи нему, ќе предизвика последици за земјата. Тој додава дека Курти го гласале 185 илјади граѓани на Косово, па затоа каква било ваква ситуација, може да предизвика недоразбирање и опасни конспирации.