Птичји грип откриен на фарма во Бугарија, сите 5.830 патки ќе бидат усмртени

90

Бугарската агенција за безбедност на храната соопшти денеска дека во јужна Бугарија, во градот Раковски, во областа Пловдив се појавил вирусот птичји грип Х5Н8, пренесува Бгнес.

Сите 5.830 патки на фармата ќе бидат усмртени, информирала агенцијата и додала дека тоа е прв случај на овој вирус во Бугарија во последните 10 години.

Околу фармата е поставено заштитно подрачје од три километри, а во него е забрането движење на домашните, дивите и други птици, како и продажба на јајца и живина.