Противпожарна служба на Грција: 92 жртви во пожарите во Атика

54

До овој момент бројот на жртвите од пожарите што беснееја во источна Атика пред две недел, достигна 92 лица, соопшти грчката противпожарна служба.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, бројот на идентификувани жртви е 81, постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК, но никој не ги побарал, додека пак во атинските болници на повредите им подлегнаа девет лица.