Протести и на Денот на независноста на Бугарија

98

Бугарија

Протести на незадоволните граѓани и членови на опозициските партии беа одржани во вторникот во Софија, на 112-годишнината од независноста на Бугарија. На антивладините протести во повеќе бугарски градови, според информациите на медиумите, биле побарани „независност од мафијата“ и оставка на владата на премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител, кои ги обвинуваат за врска со олигарсите. Во Велико Трново, во текот на говорот на претседателката на парламентот Цвета Карајанчева, по повод Денот на независноста присутните граѓани извикувале: „Оставка“ и „Мафија!“. На протестот во Софија било забележливо присуство на млади лица, кои правеле заглушувачка врева пред зградата на Владата, пренесе „Нетпрес“.
Таканаречениот „триаголник на власта“ во Софија, каде што се сместени седиштето на шефот на земјата, на Владата и парламентот, бил чувани од три кордони полиција, врз кои демонстрантите фрлале петарди и други предмети.
Премиерот Бојко Борисов, кој е на власт речиси десет години и чиј мандат истекува во март, одбива да поднесе оставка, под изговор дека е загрижен за безбедноста на земјата во контекстот на здравствената и економската криза предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
Претседателот Румен Радев, кого го поддржуваат опозициските социјалисти, им го честита Денот на независноста на „разбудените граѓани што укажуваат на моралното пропаѓање“.