Протестен марш кон грчкиот парламент

113

Без голема масовност, барем засега, во центарот на Атина вечерва започна протестот по повод 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Претежно млади лица, од студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија го започнаа протестниот марш кон грчкиот парламент.

Дел од слоганите што ги извикуваат се против полицијата и полициското насилство.

Центарот на Атина е целосно затворен, а има огромно, но дискретно полициско присуство, додека хеликоптер на грчката полиција постојано ги надлетува демонстрантите.

За 21 часот по локално време закажан е собир на местото каде што беше убиено момчето во атинската населба Ексархија.