Приштина: Србија му нанесува на Косово милионски загуби

62

Србија и натаму одбива да го спроведе Договорот за енергетика, потпишан пред пет години во Брисел, со што, според властите во Приштина, на Косово му нанесува загуби од по 30 милиони евра годишно.

Немоќна да стори нешто во врска со овој договор, косовската страна продолжува да издвојува милиони евра од државната каса за да ги подмири неплатените сметки на Србите од северно Косово, пишува денешен „Зери“.

Шефот на косовскста делегација во техничките преговори со Србија Авни Арифи вели дека, со одложувањето на спроведувањето на договорот за енергетика, „Србија врши грабеж на Косово“.

– Србија не го исполнува договорот. Европската Унија е немкоќна да ја овозможи имплементацијата. Не знам кога ќе се реализира, но ова стана сериозна пречка за дијалогот меѓу Косово и Србија. Српската држава не сака да го имплементира договорот потпишан во Брисел, едноставно не сака – изјави Арифи за весникот.