Приштина нeма платформа за дијалогот со Белград

416

Владата на Косово е во очекување на платформата за дијалогот со Србија, која треба да биде усвоена од страна на Собранието, јави дописникот на МИА од Приштина.
Извори од кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај за весникот „Зери“ велат дека доколку Собранието ја отфрли платформата, тогаш партиите и Владата ќе треба да најдат заедничко решение.

Шансите, пак, таа платформа да не помине во Собранието се мошне големи, со оглед дека минатата недела документот беше разгледан и отфрлен, со три гласа „за“ и шест „против“, од страна на собраниската Комисија за надворешна политика. Така, на пленарна седница предлогот ќе биде пратен со препорака да не се усвои.
Сите опозициски партии се против платформата, забележувајќи и за многубројни недостатоци и надминување на уставните надлежности.