Приштина му го одобри барањето на Вучиќ за влез во Косово

43

Косовското Министерство за надворешни работи потврди дека му издало дозвола на претседателот на Србија Александар Вучиќ за викендов да го посети Косово, пренесе МИА.

Јетлир Зиберај, советник на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, изјави за „Газета Експрес“ дека на српскиот претседател му е издадена дозвола за влез во Косово.

– Вучиќ побара, согласно процедурите, дозвола за влез во Косово и барањето му е одобрено –  изјави Зиберај.

Претседателот на Србија, според најавите, ќе престојува во Косово на 8-9 септември, ден по состанокот со неговиот косовски колега Хашим Тачи, што ќе се одржи во Брисел во рамките на преговорите за нормализација на односите меѓу двете држави.