Претседателските избори во Хрватска закажани за 22 декември

25

Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 22 декември, потврди премиерот Андреј Пленковиќ на отворена седница на хрватската Влада.

-Денес ќе донесеме одлука да ги распишеме претседателските избори. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 22 декември – рече Пленковиќ.

Покрај одлуката да се распишат претседателски избори, владата ќе донесе одлука за висината на надоместокот за трошоците на изборната кампања за избор на претседател на Хрватска.

Меѓу кандидатите кои се спомнуваат се и официјалнната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ, а кандидатурата на пејачот Мирослав Шкоро е најголемото изненадување.