Премиерот на Словенија поднесе оставка, бара избори

88

Словенечкиот премиер Марјан Шарец најави дека ќе си даде оставка од функцијата. Според СТА, Шарец рекол дека со малцинската коалиција не може да го постигне сето она што имал намера да го направи и повикал на предвремени избори.

– Со таква коалиција и ваква ситуација во парламентот, не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Јас ќе можам да го сторам тоа по изборите – изјавил Шарец на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“. Тој рекол дека неговата малцинска влада не може да спроведува важни закони.

Претходно поднесе оставка словенечкиот министер за финансии, Андреј Бертонцељ, при што СТА наведува дека можна причина е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.