Прв случај на коронавирус во Романија

231

Во Романија е потврден првиот случај на коронавирус кај лице што пред три недели се вратило од Италија, објави денеска локалната телевизија „Реалитатеа плус“ повикувајќи се на медицински извори.

Во извештајот се наведува дека заразеното лице се наоѓа во карантин во болницата за инфективни болести „Матеј Балс“ во Букурешт.

Раководството на болницата засега не ја коментира информацијата, пренесе „Ројтерс“.

Од коронавирус досега починале повеќе од 2.600 луѓе, главно во Кина, од каде што вирусот се прошири во 29 држави.

Бројот на потврдени случаи надмина 80.000.

Најтешка ситуација на европската почва е во Италија, каде што досега починаа десет лица, а над 320 се зарзени.

Во Италија живеат и работат околу 1,3 милион Романци.