Први мај во регионот – малку протести, повеќе прошетки во природа

771

Меѓународниот празник на трудот во државите од регионот се одбележува различно, со помали и воглавно симболични протести на синдикалците и со излети во природа.

Во Хрватска 1 мај се одбележува со симболичен протест на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска и Матицата на хрватските синдикати под слоганот „За реформи, за луѓето“.

Протестот е организиран со барања за правдени плати, подобри услови за работа, квалитетно образовение, здравствен систем достапен за сите, ефикасно судство и враќање на довербата во институциите.

Во загрепскиот партк Максимир градоначалникот Милан Бандиќ и оваа година организираше поделба на 60.000 порции грав за граѓаните додека на влезот во тој парк претседателот на опозициската СДП Давор Бернардиќ со соработниците ќе подели црвени каранфили. 

БиХ и Црна Гопра се единствени од поранешна Југославија во кои нема да има симболични протести туку само прослава што предизвика критики на јавноста. 

Претсетаделот на Синдикатот солидарност од Тузла Сакиб Копиќ во изјава за Н1 нагласи дека „не е време за славење“, пренесе Танјуг.

Во Црна Гора не се планирани промајски протести, туку само ова е уште еден неработен ден.